Ако лавовите се сметаат за кралеви на џунглата, мечките мора да бидат кралеви на шумата. Таа титула несомнено им припаѓа ним, а во последно време, покрај мачките, благодарение на објавите на социјалните мрежи и овие животни ги украдоа срцата на бројни љубители на животни.

Кога не се зафатени со барање храна или спиење, мечките поминуваат одредено време талкајќи и шетајќи, без разлика дали се сами или со други мечки.
На социјалните мрежи има се повеќе објави, односно фотографии кои имаат тема – мечките и нивното слободно време.

Распространето е верувањето дека мечките се зли животни кои би убиле човек за оброк, а одвреме-навреме на насловните страници се појавуваат написи за тоа.
Сепак, ова се ретки случаи, пишува порталот Bored Panda.

Северноамериканскиот центар за мечки објаснува дека ловците, истражувачите и сопствениците на селски куќи кои навистина сретнале значителен број мечки велат дека мечките почесто бегаат и се качуваат на дрво каде што е безбедно, на пример, отколку што ќе покажат агресија.

Се разбира, не треба да се претпоставува дека мечката сигурно нема да нападне.
Сè уште можат да го направат тоа ако почувствуваат дека им е загрозена храната, младенчињата или просторот или ако мечката е многу гладна.

Значи, се советува внимателност, но, како што наведуваат од Центарот, мечките не се толку опасни како што некои мислат.
Тие самите често можат да бидат исплашени.


