30-годишникот бил на риболов со двајца пријатели кога ги нападнале рој пчели.
Во обид да избегаат од нападот, тие скокнале во езерото. Двајца пријатели успеале да допливаат на сигурно, а повредениот млад човек исчезнал.
Противпожарната служба била повикана да помогне во потрагата, но биле спречени да го пребараат езерото кога им било кажано дека е полно со пирани.

Телото на крајот било пронајдено на четири метри од брегот во текот на викендот и властите веднаш можеле да видат дека месојадната риба го убила момчето.
Властите не се сигурни дали мажот умрел од давење или бил изеден од риба. Телото на мажот на крајот било предадено на неговото семејство за да можат да го погребаат.
Нападите од пирана врз луѓе се „исклучително ретки“, пишува Би-Би-Си, но тие можат да се случат кога луѓето ќе влезат во непознати води.

