Неделна временска прогноза за Куманово: Ќе имаме ли топло време и оваа седмица?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско се очекува преодна нестабилност што ќе донесе зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од четири степени во утринските часови, до максимални 16 во текот на денот.

Стабилизација на временската состојба ќе имаме веќе в среда кога времето ќе биде претежно сончево со мала облачност. Утринската температура ќе се движи околу седмиот степен, додека дневниот максимум се очекува да достигне 14 степени целзиусови.

Слична ќе биде временската состобја и во четврток кога утринската температура ќе биде и еден степен под нулата, додека максималната дневна ќе достигне 15 степени целзиусови.

 

 

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во петок. Температурата во утринските часови ќе се движи околу вториот степен, додека дневниот максимум е прогнозирано да достигне 13 степени целзиусови.

Loading...

Слично време ќе имаме и за време на претстојниот викенд. В сабота ќе биде претежно сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи од еден степен над нулата во утринските часови, до 12 степени во текот на попладневните часови.

Зголемување на облачноста ќе има в недела, но и натаму ќе се задржи стабилно и суво време. температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

 

 

Слична временска состојба засега се најавува и за следната работна недела.

Никола Ивановски