Осум камили и лами побегнале од циркусот и се прошетале по улиците на шпанската престолнина Мадрид, соопштила полицијата.
Претставник на циркусот „Квирос“ ги обвини активистите за правата на животните за саботажата, бидејќи тие биле забележани наутро околу пет часот во јужниот кварт Карабранкел, во близина на местото каде што се наоѓа циркусот.

Полицајците се грижеле за животните и нивното „безбедно и здраво“ враќање во циркусот, а претставник на циркусот „Квирос“ рекол дека му олеснало што животните се пронајдени.
„Фала му на Бога ништо не им се случи“, рече тој.

