Ова се најбогатите американски претседатели кои можеле да купат цели држави

Сподели со своите пријатели

Уште пред да стане претседател на САД пред четири години, се шпекулираше дека Доналд Трамп ќе биде најбогатиот човек што седел во Овалната соба.

Веб-страница 24/7 Wall St. неговото богатство го проценува на околу 3,1 милијарди долари, што го прави Трамп далеку пред „конкуренцијата“.

Сепак, и другите претседатели на САД не биле сиромашни.

Веб-страницата 24/7 Wall St. направи интересна споредба – со претворање на богатството на сите претседатели на САД во историјата во долари колку што вредат во 2020 година, составена е листа на најбогати американски претседатели.

  1. Бил Клинтон

претседател на Соединетите држави (1993-2001)

Богатство: 75,9 милиони

Извор на богатство: Клинтон всушност се збогатил откако престанал да биде претседател. Тој заработил милиони од неговата автобиографија „Мојот живот“, а дел од богатството дошло од неговата сопруга Хилари и нејзините мемоари „Тежок избор“. И тој и таа заработуваат многу како говорници.

  1. Херберт Хувер

претседател на Соединетите држави (1929-1933)

 

 

Извор на богатство: Хувер е вистински „милионер во кал“. Растејќи како сирак, тој дипломирал на Универзитетот Стенфорд и работел како рударски инженер пред да влезе во политиката. Купил неколку рудници во кои подоцна било најдено сребро и тоа го направило богат.

Богатство: 83 милиони

  1. Линдон Џонсон

36-ти претседател на Соединетите држави (1963-1969)

 

 

Богатство: 109,3 милиони

Извор на богатство: Џонсон бил млад, амбициозен и сиромашен млад човек се додека не се оженил со Клаудија Тејлор, една од најбогатите жени во тоа време. Тие заедно создале империја во Тексас, но најголемиот дел од парите биле од радио станица сопственост на госпоѓа Тејлор.

  1. Џејмс Медисон

4-ти претседател на Соединетите држави (1809-1817)

 

 

Богатство: 113,3 милиони

Извор на богатство: Родителите на Медисон биле исклучително богати градинари и тој го наследил семејниот бизнис. Кон крајот на животот, тој бил во долгови поради лошите инвестиции и злобниот живот на неговиот посвоен син.

  1. Ендру Џексон

7-ми претседател на Соединетите држави (1829-1837)

 

 

Богатство: 132,6 милиони

Извор на богатство: Џексон е еден од ретките американски претседатели кои всушност се родени сиромашни. Богатството го стекнал со работа како адвокат и со бракот. Тој наследи огромни пари од неговата сопруга Рејчел, која починала непосредно пред тој да стане претседател.

  1. Теодор Рузвелт

26-ти претседател на Соединетите држави (1901-1909)

 

 

Богатство: 139,7 милиони долари

Извор на богатство: Тој го наследил скоро целото свое богатство. Цел живот бил во јавна служба и се верува дека не заработил многу во тоа. Удобниот живот го овозможило неговото семејно богатство.

  1. Томас Џеферсон

3-ти претседател на Соединетите држави (1801-1809)

 

 

Богатство: 236,8 милиони долари

Извор на богатство: Пред да влезе во политиката, Џеферсон бил богат земјопоседник и поседувал голем број фарми. Како и да е, интересно е што тој починал како должник затоа што живеел разуздан живот и над неговите можности.

  1. Џорџ Вашингтон

1-ви претседател на Соединетите држави (1789-1797)

 

 

Богатство: 587 милиони

Извор на богатство: Поголемиот дел од своето богатство го наследил од својот полубрат, но се збогатил и како генерал, а подоцна и како политичар.

  1. Џон Кенеди

претседател на Соединетите држави (1961-1963)

 

 

Богатство: 1,1 милијарда долари

Извор на богатство: Богатството на Кенеди е незгодно за вакви проценки, бидејќи најголемиот дел е наследен. Кенеди е роден во исклучително моќно семејство, богато со генерации.

  1. Доналд Трамп

45-ти претседател на Соединетите држави (2017-2021)

 

 

Богатство: 3,1 милијарди

Извор на богатство: И Трамп беше „роден во свила и кадифе“. Се проценува дека тој, покрај бизнисот со недвижнини, од татко му наследил 413 милиони долари, а после тоа ја умножил таа сума.

Во споредба со него, неговиот противник на изборите и сега актуелен претседател Џо Бајден, чие богатство Форбс го проценува на „само“ 9 милиони долари, изгледа како обичен сиромашен човек, заклучува историскиот забавувач.