Новиот градоначалник на Њујорк бара плата во биткоин

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс изјави дека сака првите три плати од неговата нова должност да бидат исплатени во биткоин.

Loading...

Шансите Адамс да зема плата во биткоини се реално мали бидејќи прашање е дали градот воопшто може да плаќа плати во биткоини? Како би функционирало тоа со оглед на цената на биткоинот што оди нагоре и надолу? Како би се наплаќал данокот?

Но, без разлика дали тоа се случило или не, Адамс испрати јасна порака за тоа на што ќе работи како градоначалник, а тоа е прифаќањето на биткоин и криптовалути, пренесува Verge.

„Во Њујорк секогаш играме на големо, па ќе ги земам моите први три плати во биткоин кога ќе станам градоначалник. Њујорк ќе стане центар на индустријата за криптовалути и другите брзорастечки, иновативни индустрии! Ќе видите“, објави новиот градоначалник на Њујорк преку Твитер.

На овој потег се одлучи и Адамс за да му одговори на градоначалникот на Мајами, Френсис Суарез, кој исто така претходно најави дека првата исплата на плата ќе ја добие во биткоин.

Американските медиуми наведуваат дека и двајцата се натпреваруваат нивните градови да станат центри на децентрализирани пари.

Адамс веќе вети дека ќе провери што ги забавува крипто-инвестициите во Њујорк, додека Суарез го поддржа проектот Miami Coin, кој им овозможува на луѓето да инвестираат криптовалути во градот.

Суарез исто така се надева дека градот еден ден ќе плаќа плати и даноци во биткоин.

Loading...

Гледано од страна, Мајами е во предност. Blockchain.com ја пресели својата филијала од Њујорк во Мајами претходно оваа година, а претседателот Ел Салвадор објави на конференција во Мајами дека биткоинот ќе стане официјална валута во неговата земја.