На видеото се гледа како некој „фраер“ почнал физички да ја малтретира девојката со која бил во друштво, туркајќи ја десната рака во нејзиното лице и стискајќи ја на ѕидот.
На социјалните мрежи кружи видео кое го поздравија апсолутно сите кои од срце ги презираат типовите за кои насилството врз жените е нешто што го сметаат за прифатливо.

Не се знае која била причината за неговата реакција, но од видеото е јасно дека младата дама не попуштила и возвратила.
Таа прво го тепала со тупаница, а потоа го удрила со стол.
Младиот човек потоа се повлекол и си заминал, а мексиканскиот портал Дебата во својот наслов го наведува следново: „Нема да го повторите тоа! Девојката која беше нападната во јавност од нејзиното момче возврати со столче“.
Споменатиот портал во својата статија не го докажува она што е наведено во насловот, дека се работи за судир на две лица во емотивна врска, но доколку девојката и момчето биле навистина пар во моментот на инцидентот, се надеваме дека госпоѓата заврши истата вечер со него еднаш засекогаш.
No pierda usted de vista esa mano derecha en forma de gancho… pic.twitter.com/ZQ4eXtxBqS
— IA (@alsnig) November 2, 2021

