Нема застој во Куманово, Максим Димитриевски продолжува со реализација на проекти (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, продолжува со реализација на проекти кои имаат за цел да ја унапредат општина Куманово и да го подобрат квалитетот на живот на сите кумановци.

Loading...

Во тек е асфалтирање на ул.620 кон село Проевце, се асфалтираше улица 205 во населба Карпош.

Се асфалтира и се подобрува инфраструктурата во село Костурник и ул.207 во населба Карпош.

 

 

Село Романовце и Агино село добија по едно ново спортско игралиште со тартан подлога, а во тек е изградба на ново игралиште во ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Браќа Миладиновци“.

За сите основни училишта во Куманово набавени се 82 интерактивни (смарт) табли, помошно – технички помагала и опрема за спортски сали.

Loading...

Во програмата за мандатот 2021/2025 година предвидени за имплементација се повеќе од 800 проекти од областа на инфраструктура, образование, гасификација, спорт, култура, локален економски развој, заштита на животната средина, транспарентна и одговорна општина итн.