Фејсбук ќе мора да плати големи пари за да го користи името Мета

Сподели со своите пријатели

Минатата недела Facebook најави промена во брендирањето, во рамките на која компанијата сега се нарекува себеси Мета.

Loading...

Промената на името на Фејсбук може да биде скапа. Се чини дека уште во август стартап компанија за компјутери поднела барање за заштита на името „Мета“.

Оваа компанија продава производи под брендот Meta PC од ноември 2020 година.

Од друга страна, Фејсбук ја поднесе својата апликација за промена на името на 28 октомври.

Сѐ уште не е одобрена ниту една апликација, што значи дека името би можело да се бори пред судовите.

Сепак, медиумите споменуваат дека основачите на компанијата Meta PC се подготвени да се откажат од ова име доколку Марк Цукерберг им плати 20 милиони долари за користење на ова име.

Фејсбук не ги коментира овие наводи и останува да се види во кој правец ќе оди целата приказна.