На љубовниот состанок повела цело семејство: Романтичната вечера се претворила во слава

Сподели со своите пријатели

Еден млад човек од Кина, Лиу (29), по наговор на мајка си се согласил да излезе на состанок „на слепо“, без воопшто да знае што ќе доживее таму.

Loading...

Имено, загрижена бидејќи нејзиниот син не покажува интерес за излегување и забава, мајката решила да ги „турка“ работите.

Момчето се нашло во една од најчудните ситуации, девојката која требало да ја запознае на романтична вечера со придружба тргнала до ресторанот.

 

 

За работите да бидат уште почудни, таа не дошла со еден или двајца чченови на семејството, туку практично го зела целото семејство, 23 од нив!

Меѓутоа, наместо да избега веднаш, како што веројатно би направиле повеќето на негово место, Лиу останал да се сретне и да разговара со сите, а кога стигнала сметката од 2.300 фунти, платил мал дел, учтиво со сите поздравил и заминал.

Loading...

 

 

Девојката подоцна се обидела да се оправда во тамошните медиуми, па изјавила дека сакала само да види дали младиот човек е стипса или дарежлив, а со тоа и „материјал“ за врска.

Не е познато дали Лиу и бил лут на мајка си затоа што таа го убедувала да се сретне со таков епилог, но едно е сигурно – по ова фијаско, тој сигурно некое време нема да оди на „слепи“ средби со девојки, пренесува „The Sun“.