За да се пробие на пазарот за претплата на мобилни игри, Netflix одлучи да ги лансира своите први игри за паметни телефони, пренесува BBC.
Деновиве новата надградба ќе биде достапна за сите корисници на паметни телефони со Android, а ќе вклучува и приказ на игри што може да се преземат.
За почеток, пет игри ќе бидат активни: Stranger Things: 1984, Stranger Things 3: The Game, Card Blast, Teeter Up и Shooting Hoops, пренесува Индекс.
„Иако ова е почеток на долго патување, ние сме возбудени што можеме да обезбедиме искуство со игри што е различно од она што е достапно денес – ексклузивни мобилни игри без реклами, во апликација вклучени во вашата претплата на Netflix“, стои во соопштението на компанијата.
Сегашните игри имаат релативно едноставна графика и се лесни за играње, но Netflix додава дека со текот на времето планираат да креираат игри за сите типови играчи.
„Без разлика дали сакате вообичаена игра која можете да ја започнете одново или импресивно искуство што ви овозможува да навлезете подлабоко во вашите омилени приказни, ние сакаме да изградиме библиотека со игри што нуди по нешто за секого“, рече Мајк Верду, шеф за развој на игри во Нетфликс.
Како што беше претходно истакнато, овонеделното ажурирање на системот во апликацијата Netflix ќе може да се види само на уредите со Android, додека надградба за iOS уредите, односно Apple, е планирана во наредните месеци, објави Индексот на BBC.