Дваесет и тригодишен државјанин на Република Албанија рано утринава бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако се обидел да ја премине државната граница со патна исправа на име на неговиот брат.
Loading...
– На 04.11.2021 во 03.30 часот на Граничниот премин Табановце, поради основано сомнение за сторено кривично дело „послуга со туѓа патна исправа“, бил приведен Е.Б.(23) од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при пасошка контрола тој приложил патна исправа на име на неговиот брат Е.Б.(18).
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски