Кога забременила на 18 години и дознала дека чека девојче, мајката на Кајла се надевала дека ќе ги наследи нејзините гени. Таа е мала и витка.
Нејзиното бебе при раѓањето тежело 3,3 килограми, што е нешто помалку од американскиот просек. Но, на 14 месеци таа веќе носи облека наменета за тригодишни деца, а Кајла тврди дека не е дебела.
„За време на бременоста, мислев дека моето бебе ќе биде мало“, напиша таа во вирален предизвик на TикТок, а потоа се сними како држи поголемо бебе во рацете.
„Нејзиниот татко е висок и голем, така што таа е на него“, додаде таа.
Откако видеото стана вирално и собра над 9 милиони прегледи, Кајла се најде на удар на тролови кои ја нарекоа насилник.
„Детето треба да се движи, ова е дебелина“, ѝ напиша едно лице.
Кајла тврди дека девојчето пешачело на 10 месеци и е доста активна.
„ Таа оди насекаде.Не обидувајте се да ми кажете што треба или што не треба да правам“, одговори мама.
Некои отидоа дотаму што и се заканија на Кејли со социјални услуги.
“Разговарав со советник за доење и таа вели дека се е во ред. Семејството на нејзиниот татко е големо, а јас сум мала, па таа изгледа многу поголема кога е покрај мене. Добро јаде и е здрава”, објаснила Кајла.
@thatmomkayla Her dads side is tall & big so ofc she’s just like them 😩 love her though #momsoftiktok #teenmom #bigbaby #toddler #youngmom