Најдебелиот човек на светот: Јаде по 40 чоколади на ден и има 508 килограми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пол Мејсон од Велика Британија до неодамна се закити со нималку ласкавата титула – Најдебелиот човек на светот. Вработените во болницата каде што се лекувал поради вишокот килограми сакале да го кремираат во кланица.

Loading...

 

Во документарецот на телевизијата „ИТВ“ Пол Мејсон изјавил дека планот на вработените во болницата е „одвратен“.

Пол (61) во текот на тригодишното лекување дознал што мислат во случај на неговата смрт.

 

 

„Да умрев, болницата немаше да има начин да се ослободи од некој со моја големина. Планот беше да ме одведат во кланица каде што ќе ме кремираат со животни. Тоа е одвратно и не можам да верувам дека ќе го направат тоа или нешто слично “, изјави Пол..

Loading...

Имено, Пол во моментот на лекување има 508 килограми. Тој во документарецот признал дека јадел по 40 чоколади дневно поради што почнале да му паѓаат забите. Не посетил стоматолог и сам ги извадил со клешти. За да ја намали болката, тој ја стерилизираше иглата и ја вметнуваше директно во празнината помеѓу непцата и забот за да го убие нервот.

 

 

Поради преголемата тежина не можеше да се движи, ниту да излезе од дома.

По операцијата за врзување на стомакот, тој успеал да изгуби 120 килограми и ја запознал Ребека, која го запросила во 2014 година на американската телевизија.

Во бизарен сплет на околности во 2019 година, парот се развел затоа што се скарале за леб што Пол сакал да го јаде. Ја оставил Ребека и се преселил кај непозната жена што ја запознал на Фејсбук.

 

Loading...

 

Поради сериозни проблеми со исхраната во ноември 2018 година, Пол заврши на суд во САД поради кражба на намирници во продавници. Украл храна вредна 1.000 долари.

По судската постапка, Пол се вратил во Велика Британија и вели дека сега конечно се враќа во нормален живот. За сите ужаси што го снашле тој ја обвинува тригодишната сексуална злоупотреба во детството.