Девојка позната само по нејзиното корисничко име на социјалната мрежа TикТок, @ izzyvn_98, споделила необична приказна за своето семејство.
Според „Сан“, девојчето направило ДНК тест во 2018 година за да открие во кои земји ѝ се враќаат корените. Резултатите кои пристигнале покажале дека таа не е стопроцентна Италијанка како што мислела, но и некои други шокантни работи.
Ја контактирала непозната жена и кажала дека се сомнева дека нејзината ќерка и Изи се сестри бидејќи тестовите се поклопиле. Изи била збунета и само накратко одговорила дека не знае за кого се работи.
Жената потоа ја прашала дали дошла на светот со помош на донатор на сперма – и таму почнала да ја фаќа паника.
„Сфатив дека имам сестра…“ Објасни дека имала две мајки кои користеле донатор на сперма за да имаат дете – неа – а потоа новооткриената полусестра ја информирала за други жени кои користеле ист донатор и па нека знае дека не и е единствена сестра.
Таа и го открила и името на приватната група на Фејсбук во која се собрале сите браќа и сестри кои потекнуваат од истиот донатор, а кога се приклучила имала што да види – сите заедно ги има дури 50!
„Параноични сме што случајно би можеле да стапиме во врска со некој со кој всушност сме поврзани“, рече таа, додавајќи дека навистина не сака да развие подлабок однос со тие луѓе бидејќи ситуацијата е прилично непријатна за неа .
„ Се сочувствувам со девојката. Имам дури 100 браќа и сестри“, напишала една личност
@izzyvn_98 what a life lol #donorbaby #triplets #siblingcheck #ancestrydna #IDeserveTuitionContest #fypシ #ZFlipClackdown