Инсталацијата „Still moving“ го одбележа фестивалот „Денови на комедија“, но какво беше нејзиното значење? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Инсталацијата за Денови на комедија 2021 година изработена од сценографот Крсто Богојевски и архитектката Кристина Лозаноска предизвика интересни коментари и позитивни реакции на публиката.

Loading...

Идејата како што посочуваат лицата што ја изработија е добиена од целокупната состојба во која уметноста во периодот кој беше зад нас малку запре и на нови начини се обиде да биде присутна до публиката.

Уметноста и културата како таква е постојана и променлива.

Инсталацијата Still moving значеше  движење, постојаност, континуитет и промени.

Позитивната нишка кон новото време.

Токму таков е и Фестивалот Денови на комедија кој и покрај се опстојува и претставува бренд за градот Куманово.

За идната година во однос на околностите се предвидува уметничко решение кое ќе биде во склоп на јубилејот 25 години Денови на комедија.