КОЛОНА АВТОМОБИЛИ: Шефот на ЦИА забележан во посета на Москва (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шефот на ЦИА Вилијам Барнс е во посета на Москва. Тој веќе се сретна со директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришин.

„Фокусот беше ставен на прашањата за меѓуресорска соработка во контекст на руско-американските односи, со акцент на борбата против меѓународниот тероризам“, се вели во соопштението на СВР.

Бурнс вчера разговараше со секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Интересно е што на мрежите се појави видео од придружбата на шефот на ЦИА како ја напушта резиденцијата на американскиот амбасадор во Москва.