Две лица биле приведени во текот на влерашниот ден на Граничниот премин Табановце, едниот државјанин на Албанија, вториот на Црна Гора.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во првиот случај бил приведен 25-годишен државјанин на Република Албанија.
– На 03.11.2021 во 01.00 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Н.(25) од Република Албанија, бидејќи при пасошка контрола приложил патна исправа на име од Л.Ф.(22) од Република Албанија, стои во полицискиот билтен.
Во вториот случај, со лисици на рацете завршил триесет и едногодишен жител на Црна Гора.
– На 03.11.2021 во 02.15 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода M.J (31) од Црна Гора, затоа што по извршена контрола било констатирано дека потврдата за извршена вакцинација против ковид-19 е фалсификувана, велат од Министерството за внатрешни работи.
Двете лица биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски