Убиен еден од лидерите на Талибанците

Сподели со своите пријатели

Шефот на талибанските воени сили во Кабул Хамдула Мохлис е една од жртвите на нападот на џихадистите на Исламската држава врз воената болница во Кабул.

Loading...

Командантот Мохлис бил член на мрежата Хакани, која САД ја означиле како терористичка, а шефот на талибанските специјални сили наречени „Бадри 313“.

Тој е највисокиот талибански функционер убиен во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта во таа земја во средината на август.

Најмалку 19 лица загинаа во вторникот, а 50 се повредени во експлозија во близина на воена болница во центарот на Кабул.

Очевидци изјавија дека две експлозии одекнале недалеку од болницата Мохамед Дауд Кан.

Првата експлозија одекнала на контролен пункт на влезот во болницата, а втората неколку минути подоцна недалеку од таму.

Очевидци изјавија и дека имало пукање меѓу двете експлозии.