Цела Австралија го бараше ова девојче 18 дена: Конечно е пронајдено живо (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Четиригодишното девојче Клео Смит по кое се трагаше 18 дена, пронајдено е живо и здраво во заклучена куќа во Западна Австралија, соопшти австралиската полиција.

Loading...

Клео исчезнала од шаторот во кампот во близина на градот Карнаворн на 16 октомври, каде што била со своето семејство. Во истиот момент е започната голема потрага по неа, јавува Би-Би-Си.

36-годишен маж, осомничен за киднапирање, е во притвор и е на распит од детективите.

„Полицијата упадна во куќа во Карнарвон во средата во раните утрински часови, по форензички индиции. Ја пронашле малата Клео во една од собите“, се вели во соопштението на заменик-комесарот Кол Бланш од полицијата на Западна Австралија.

 

 

„Еден од полицајците ја зеде во раце и ја праша како се вика, а таа му кажа Клео“, се додава.

Loading...

Четиригодишното девојче е вратено кај нејзините родители кои очајно ја барале по нејзиното исчезнување.

„Полициската снимка од нејзиното спасување покажува дека таа е „насмеана“, изјави комесарот Крис Досон, кој додаде дека и била укажана медицинска помош.

Властите соопштија дека мажот во притвор немал никаква врска со семејството Смит и дека не е покренато обвинение.

Куќата во која е пронајдена Клео е на околу шест минути возење од нејзиниот семеен дом во Карнарвон, кој има околу 5.000 жители.

Скот Морисон, австралискиот премиер, на Твитер напиша дека тоа е „прекрасна, олеснувачка вест“.

Семејството Клео Смит била првата ноќ од одморот во кампот кога девојчето исчезнало помеѓу 01.30 и 06.00 часот наутро на 16 октомври.

Зафрлено место во Меклеод е на околу 900 километри северно од Перт и е локална атракција на државното корално крајбрежје – познато по ветровитиот океански пејзаж, морски пештери и лагуни.

 

Loading...

 

Клео спиела на воздушен душек покрај креветот на нејзината помлада сестра.

Кога нејзината мајка, која спиела во друга соба од шаторот, станала наутро, Клео ја немало, а вратата од шаторот била отворена.

Австралиската полиција соопшти дека исчезнувањето на девојчето предизвикало голем страв кај нејзиното семејство. Мајката на девојчето тврдела дека Клео не може да го напушти шаторот сама.

Работна група од 100 полицајци била испратена од главниот град на државата Перт да се приклучи на големата потрага од воздух, од копно и од море.

За чешлање на ретко населените области биле користени извидувачки авиони.

Властите понудија награда од еден милион австралиски долари (750.000 американски долари; 540.000 фунти) за информации за тоа каде се наоѓа Клео.

Loading...

Случајот привлече меѓународно внимание, а заменик-комесарката Бланш рече дека тие прочешлале илјадници информации барајќи „игла во стог сено“.

„Доцна синоќа ја пронајдоа иглата што ги доведе до таа адреса и ја спасија Клео“, изјави Бланш за Network Seven.

Еј-Би-Си Њуз објави дека соседите неодамна забележале маж кој живеел во куќата во која била пронајдена Клео како купува пелени.

„Не разбравме кога, но ги купи“, нагласи еден сосед.

Веста дека е пронајдена Клео предизвика големо олеснување во локалната заедница.

 

Loading...