Вистината е!
Доволно е да му поставите само едно прашање на човек, па ќе ви биде јасно со кого си имате работа, тврди професорот по психологија Дастин Вуд од Универзитетот Вејкфорест.
Во својата студија тој се занимавал со проценка на личноста што ја гледаме за прв пат.
Прашајте ги што мислат за друга личност. Колку позитивно или негативно гледате друга личност може да биде показател за тоа колку сте среќни и задоволни од вашиот живот и колку другите ве сакаат или не ви се допаѓаат – истакна Вуд.
Според неговото толкување, нашата перцепција за другите луѓе открива многу повеќе за нашата личност отколку што мислиме.
Ако обично ги истакнуваме позитивните работи кај другите и ги опишуваме на тој начин, тогаш ги истакнуваме нашите позитивни квалитети.
Луѓето кои се фундаментално незадоволни од својот живот често негативно ги претставуваат другите луѓе и лошо ги опишуваат. Нарцисоидните луѓе кои се склони кон асоцијално однесување почесто ќе бидат критични кон другите – објасни д-р Вуд.