Поради сиромаштија и глад си ги продаваат ќерките за овца и парче земја

Сподели со своите пријатели

Семејството Малик со години живее во раселениот камп во провинцијата Баџис на работ на егзистенција, преживувајќи со неколку долари на ден. Ситуацијата само се влошила кога Талибанците дојдоа на власт на 15 август.

Loading...

Парвана (9) е една од многуте авганистански девојчиња кои се продадени додека кризата во Авганистан се продлабочува.

Нејзиниот татко, Абдул Малик, се обидел да ја избегне продажбата; отпатувал во друг град да бара работа, позајмувал пари од роднини, а неговата сопруга молела за храна од другите жители на кампот.

 

 

„Во семејството сме осуммина. Морам да продадам за да ги одржам другите во живот“, изјави Абдул Малик за Си-Ен-Ен.

Човекот кој сака да ја купи Парвана има 55 години, а на 24 октомври пристигнал во домот на семејството Малик.

Loading...

Дал пари, овци и парче земја за девојчето.

Купувачот Корбан не ја опишал продажбата како брак, велејќи дека неговата сопруга ќе се грижи за девојчето како да е нивно дете.

„Парвана беше евтина, а нејзиниот татко беше многу сиромашен и му требаа пари“, рече Корбан.

 

 

„Таа ќе работи во мојот дом. Ќе се однесувам кон неа како член на семејството. Ќе бидам љубезен“, додаде тој.

Кога ќе завршат парите од продажбата на Парвана, Абдул ќе се врати на почеток, со три ќерки и син за издржување.

Loading...

„Како што гледам, немаме иднина, нашата иднина е уништена. Ќе морам да продадам уште една ќерка ако не ми се подобри финансиската состојба – веројатно двегодишното дете“, рекол таткото.

Локалните талибански лидери во Беџис велат дека планираат да дистрибуираат храна за да ги спречат семејствата да ги продаваат своите ќерки, но проблемот се протега надвор од Баџис.