Шефот побарал услуга од вработената, а кога таа му одговорила – ВЕДНАШ ја отпуштил

Сподели со своите пријатели

Работничка во кафеана на југот на Кина добила отказ, бидејќи на пораката на претпоставениот одговорила со емотикон „ОК“.

Loading...

Бидејќи газдата побарал од вработената да собере и испрати одредени документи преку апликацијата „WeChat“, таа го потврдила тоа со емотикон „OK“. Шефот веднаш ја обвини за „работна недисциплина“ и почнал постапка за раскинување на нејзиниот работен однос.

– Каков е овој начин на одговарање на порака? Треба да напишете „примено“ ако ја примивте мојата порака – одговори шефот.

Неколку минути подоцна ја замолил вработената да се јави во одделот за човечки ресурси за да го „реши нејзиниот отказ“.

 

 

– Вистина е дека ќе добијам отказ. Работев долги години и првпат ми се случува ваква глупава ситуација. Јас сум добронамерна личност и не бев многу нервозна за се, но сите мои колеги се согласија дека мојот шеф отиде предалеку – изјавила вработената на оваа приказна.

Loading...

По овој настан, менаџерот испратил наредба до сите вработени да му одговорат на „Роџер“ откако добиле пораки од него.

„Роџер“ беше општо прифатен термин меѓу пилотите за време на Втората светска војна. Зборот, кој се користел во комуникацијата, е избран поради неговата почетна буква „R“, што е првата буква од англискиот збор „reived“, што значи примено.