Без вода денеска овие локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода денеска привремено ќе бидат корисниците на неколку локации во Куманово, а како причина се наведува дефект во водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за дефект на челичен вод Ф500 од Липково до филтер станица, додека дефекти има и на улиците „Стојан Сликар“, „Живко Чало“, улицата „400“ во населбата Иго Тричковиќ, како и улицата „Јакуп Асипи“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски