Извршниот директор Тим Кук рече дека ситуацијата ќе биде уште полоша во текот на следниот празничен квартал.
Досега, проблемите во синџирот на снабдување на Apple чинат 6 милијарди долари во продажба во текот на четвртиот фискален квартал на компанијата.
Овој вид на загуба е над очекувањата на Волстрит. Извршниот директор Тим Кук смета дека загубите ќе бидат уште поголеми во следниот квартал.
Кварталот кој заврши на 25 септември покажа многу поголеми ограничувања во понудата од очекуваното, што влијаеше на прекините на производството особено во Југоисточна Азија.
Ограничувањата за работа поради пандемијата полека се намалуваат, но недостигот на чипови сѐ уште е присутен и силно влијае на работата на оваа компанија.
„Правиме се што можеме за да добиеме повеќе чипови, а исто така се што можеме за да го забрзаме процесот“, рече Кук.
Без разлика на актуелниот проблем, Apple очекува раст оваа година во однос на претходната година, додека аналитичарите очекуваат раст од 7,4% или 119,7 милијарди долари. Кук посочи дека е задоволен од овој раст.
Сепак, во текот на оваа година акциите на Apple паднаа, а Microsoft дојде до израз како компанија чии акции значително пораснаа оваа година.
Една од причините за растот на акциите на Мајкрософт е cloud computing.
Од друга страна, кога станува збор за Apple, не треба да се избрзуваат заклучоците бидејќи допрва доаѓаат празниците кои можат да донесат значително поголема продажба.