Стоматологот од Монтана, Џоел Бут, на необичен начин ја запросил својата девојка Кеди Лајтимер. Тој клекнал пред неа, ја прашал дали сака да се омажи за него, а наместо да и го извади свршеничкиот прстен, и подарил кученце златен ретривер.
View this post on Instagram
Кејди мислела дека нејзиното момче ја донело во Националниот парк Монтана за да направат неколку заеднички фотографии. Немала поим дека нејзиното момче ќе ја запроси со куче во раце.
Прво го чувал кучето со јака на која пишувало „Кади“. Мислев дека кучето го именувал по мене и ќе ми го подари. Дури тогаш клекна и ме праша: „Ќе се омажиш ли за мене“ – рекла воодушевената девојка.
Очекувала дека прекрасното зајдисонце ќе биде само одлична позадина за нивните заеднички фотографии. Сепак, тој ден се претворил во еден од нејзините најсреќни моменти во животот.
View this post on Instagram
– Кеди е посебна за мене и сакав да направам нешто посебно и оригинално што ќе се памети цел живот – изјави Џоел.
Знаев дека летово ќе ја запросам. Кога дознав дека ќе добијам куче, сфатив дека е вистинско време да го направам тоа – додал стоматологот.
View this post on Instagram
Судејќи по нивните среќни фотографии на социјалните мрежи, очигледно е дека Кеди се согласила да се омажи за својот сакан.