По 20 месеци Израел се отвора за туристите

Сподели со своите пријатели

Израел денеска ги отвори своите граници за прв пат од март минатата година за туристите вакцинирани против Ковид-19 и за оние кои се опоравиле од таа болест.

Loading...

На огромното мнозинство на туристи не им беше дозволен влез во Израел од почетокот на пандемијата, а отворањето на границите беше одложувано неколку пати оваа година бидејќи инфекцијата со корона вирусот се шири и се намалува.

Министерството за туризам на Израел ја поздрави новата мерка, која е клучна за постепено закрепнување на стопанската гранка која претрпе големи штети поради пандемијата и ограничувањата.

Строги услови и ограничувања

Сепак, не сите туристи ќе можат веднаш да го посетат Израел, а оние кои ќе дојдат ќе се соочат со ограничувања.

Пристигнувањето ќе им биде дозволено само на оние кои нема да пристигнат од земјите означени како црвени поради големиот број заразени и доколку се вакцинирани во рок од 180 дена пред да се качат во авионот.

Израел од средината на овој месец ќе дозволи пристигнување на туристи вакцинирани со руската вакцина Спутник, а засега се признава само имунизација со вакцини одобрени од Американската агенција за храна и лекови (ФДА).

Оние кои се вакцинирани со Спутник ќе мора да направат серолошки тест со стандарден ПЦР тест, кој сите туристи мора да го поминат пред да се качат во авионот и по пристигнувањето во Израел.

Loading...

Здравствените работници се особено загрижени за туристите од Русија

Врз основа на претходните прописи, организирани групи туристи почнаа да пристигнуваат во мај, но во ограничен број. Дополнително, може да дојдат израелски државјани или оние со право на престој, со посебни дозволи.

Иако отворањето на границите беше поздравено од туристичките власти, дел од здравствените работници предупредуваат дека Израел ќе биде изложен на нови видови на вирусот, а особено се загрижени за туристите од Русија, каде дневната смртност од ковид е висока.

Израел во моментов, се чини, е на крајот од четвртиот бран на инфекција со коронавирус, а во неделата имаше 218 заразени со ковид-19, а пред само еден месец имаше речиси 750.

Стапката на позитивни тестови за вирусот во неделата беше 0,64, најниска од почетокот на јули, а регистрирани се 225 нови случаи на инфекција и никој не починал.

Од почетокот на пандемијата во Израел, 8.100 луѓе починале како последица на Ковид-19.