Приведено лице во Крива Паланка за издржување на затворска казна

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишен жител на Крива Паланка е приведен поради издржување казна затвор и спроведен во кумановскиот затвор.

Loading...

– На 01.11.2021 во 16.50 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка, го лишиле од слобода А.М.(65) од Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор.

Како што додаваат од полицијата, А.М. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.

Никола Ивановски