Корисник на „Редит“ на „Гугл мапс“ пронашол „чудна црна дупка“ среде Тихиот океан, што предизвика дебата за тоа на што се однесува таа црна форма – дали е навистина дупка, вулкан, воена база или дури премин до нов свет?
Loading...
Имаше различни теории за чудна црна дупка, а всушност местото постои и се вика Восток – ненаселен корален остров во Кирибати, североисточно од Нов Зеланд.
Откако фотографијата од островот почнала да кружи на Интернет, луѓето почнале да дебатираат дали се работи за тајна воена база и заклучија дека поради некоја причина островот изгледа цензуриран.