Денеска врнежи од дожд, од утре пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и рано утринава значителна облачност се прошири од запад и утринава во западните делови на Македонија започнаа врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утринава во делови од Пелагонија и во Демир Капија засилува јужен ветер, кој и на поголемите височини поинтензивен. Во 7 часот поинтензивни врнежи дожд има во Крушево, Битола и Охрид.

Во текот на целиот ден ќе преовладува облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/24часа) и ќе бидат проследени со засилен јужен ветер особено во Повардарието и на повисоко.

Во попладневните часови врнежите ќе престануваат.

 

 

Максималната температура ќе достигне од 12 до 16 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Температурата денеска низ кумановско ќе се движи од осум степени во утринските часови, до максимални 12 во текот на денот.

 

 

Од утре продолжува стабилизација на временската состојба и позначителен пораст на дневните температури до крајот на работната недела.

 

Loading...

Никола Ивановски