Двајца новинари се убиени во Мексико во последните четири дена, јавува Анадолија.
Јан Алберт Хутсен, претставник на Комитетот за заштита на новинарите, во изјавата рече дека фоторепортерот Алфредо Кардосо, кој беше хоспитализиран откако беше застрелан во Акапулко, починал.
Во соопштението на Обвинителството се наведува дека Кардосо, кој работел на информативен портал, бил префрлен во болница откако бил пронајден повреден и дека и покрај интервенцијата на лекарот не бил спасен.
Фреди Лопез Аревало, кој работел како известувач за локален весник во градот Тукстла Гутиерез во провинцијата Чиапас, бил цел на вооружен напад додека излегувал од своето возило на 28 октомври, по што починал.
Повеќе од 130 новинари се убиени во Мексико од 2000 година.