Со оставката на Заев, падна цела Влада

Сподели со своите пријатели

Оставката на Зоран Заев од функциите премиер на Владата и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, значи оставка и на целата Влада.

Loading...

Според член 93 од Уставот, сега Заев за ова треба и писмено да го извести претседателот на Собранието, по што следува процедурата за избор на нова влада.

Во членот 93 од македонскиот Устав пишува дека „…оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата… Владата на која ѝ е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот ѝ престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада“, пишува МКД.мк.

Актуелната влада продолжува со работа додека претседателот Стево Пендаровски не го довери мандатот за состав на Влада на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Потоа, новиот мандатор во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба на Собранието да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.