Граѓанин на кумановската населба Ајдучка Чешма вчера пријавил дека на нива пронашол неексплодирана граната, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
За дојавата веднаш бил известен раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување – одделение Куманово.
– Неексплодираното средство – гранатата сѐ уште се наоѓа на терен – нива , местото е обезбедено, осигурано , во наредниот период ке се презенат мерки за нејзино отстранување од страна на надлежните стручни служби, стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.
Никола Ивановски