Кражба во угостителски објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Непознат сторител извршил кражба од угостителски објект во Куманово, откако првин насилно влегол во него.

Loading...

– На 28.10.2021 година во 08.38 часот во СВР Куманово, М.С.(41) пријавил дека во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ било влезено со употреба на сила и биле одземени пари и компјутер, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од кумановската полиција, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски