Новинарката на Би-Би-Си, Јогита Лимаје, направи репортажа од село надвор од Херат, на западот на земјата, каде што разговарала со мајка која го продала своето новороденче за 500 долари за да може да купи храна за нејзините други деца.
Купувачот бил неименуван маж кој тврдел дека сака да одгледа девојка за да се ожени со својот син, но нема гаранција за неговите намери.
Купувачот платил 250 долари однапред, доволно за семејството да може да купи храна за неколку месеци, а остатокот ќе го плати кога ќе се врати за бебето, односно кога таа ќе почне да оди.
„Моите други деца гладуваа, па моравме да ја продадеме нашата ќерка“, изјави мајката за Би-Би-Си.
„Како да не бидам тажна? Таа е мое дете“
Пандемијата на коронавирус, сушата и преземањето на власта од страна на Талибанците пред три месеци драматично ја влошија ситуацијата во Авганистан, а земјата сега е на работ на економски колапс.
Храната поскапе, работниците не се платени, бизнисите се затворени, а семејствата се принудени да продаваат се што имаат за да преживеат.
Таткото на бебето, кој порано заработувал како чистач на улици, објаснува дека немале избор.
„Ние гладуваме. Во моментов немаме ни брашно ни зејтин дома. Немаме ништо. Мојата ќерка нема поим каква ќе биде нејзината иднина. Не знам како ќе се чувствува за тоа. Но, морав да го сторам тоа – изјави тој за Би-Би-Си.
Детските бракови се практикуваат во Авганистан веќе 100 години, но тешката економска ситуација во земјата принуди многу семејства, како ова, да се венчаат порано.
Мохамед Али Бамијани, проповедник во блиската џамија, им ја кажа на новинарите трагичната судбина на семејство во кое децата останале сирачиња откако нивниот татко починал од рак, а нивната мајка починала од срцеви заболувања.
Зборувајќи за моментот кога влегол во семејната куќа, тој рече:
„Сите осум деца беа мртви. Беше јасно дека гладувале. Децата биле толку гладни што не можеле ни да застанат на нозе“.