Објавена нова корона мапа на Европа: Се повеќе земји повторно во портокалово и темноцрвено

Сподели со своите пријатели

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова корона мапа на Европа.

Loading...

Боите за поединечни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација.

На најновата карта може да се забележи влошување на состојбата. Се повеќе земји повторно се во портокаловата и темноцрвената зона.

Се намалува бројот на земји во зелената зона.

Хрватска и Словенија се целосно темноцрвени, во Грција некои делови се сменија од црвени во портокалови.