Жителите на Велигденските острови, отсечени од светот повеќе од година и пол поради пандемијата на корона вирусот, на референдум гласаа против повторното отворање за туристите.
Имаше 649 гласови против отворањето на островот, а против 320, објави на социјалните мрежи локалната заедница Мау Хенуа, која стопанисува со националниот парк Рапа Нуи.
На гласањето учествуваа 972 лица – помалку од 20% од населението излезе на гласање.
Резултатот од гласањето не е обврзувачки и конечната одлука ќе ја донесат чилеанските здравствени власти.
Островјаните немаат видено туристи од март 2020 година и од воведувањето на вонредна состојба и здравствени ограничувања.
Чиле има повеќе од 1,6 милиони случаи на инфекција и повеќе од 36.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Велигденскиот остров досега има регистрирано осум случаи на ковид-19 и ниту еден нов случај од септември 2020 година, а нема смртни случаи за време на пандемијата, според официјалните податоци.
Околу 73 отсто од жителите на Велигденските Острови, 3.600 километри источно од Чиле, се вакцинирани против Ковид-19.
Easter Island’s indigenous Rapa Nui people vote on whether to keep visitors off the island, after having been closed to the outside world for more than a year and a half pic.twitter.com/dUq58pl6f5
— TRT World Now (@TRTWorldNow) October 25, 2021