На крајот на септември, канадскиот хирург д-р Шаф Кешавџи направи нешто што никој досега не го направил. Тој ги транспортирал белите дробови со дрон меѓу двете болници, само неколку минути пред трансплантацијата.
– Докажавме, а тоа е многу важно, дека вакво нешто може да се реализира – изјави д-р Кешавџи.
Тој работел со членовите на техничкиот тим цели две години на овој потфат со цел летот со дрон да оди во најдобар ред.
Airdrop – a drone has been used in the Canadian city of Toronto to deliver two transplant lungs in what the engineers and doctors involved are calling a world first 🚁
More drone-tech stories:https://t.co/ORAAHRmsYw pic.twitter.com/epC3rOXrCL
— BBC World Service (@bbcworldservice) October 22, 2021
Тој опиша дека за нешто помалку од 10 минути во ноќта, дронот прелетал 1,2 километри над канадската метропола, носејќи ги белите дробови за трансплантација.
Дронот полетал од покривот на западната болница во Торонто, и слетал на покривот на Општата болница во Торонто.
После тоа, белите дробови биле успешно пресадени на 60-годишен пациент кој боледувал од белодробна фиброза.
Транспортот на органи со дрон беше реализиран во специјален сад за ладење, „кој ги одржува термичките параметри на органите“.
„Мислам дека технологијата за беспилотни летала има голем потенцијал и може да стане стандард во здравството“, рече Мајкл Кардинал, потпретседател на Unither Bioelectronics, биотехнолошката компанија што го изведе летот.
Д-р Кешавџи истакна дека нивниот следен предизвик е да ја прилагодат постоечката технологија за да ја направат достапна за пациентите ширум светот.
Тој објасни и дека временските услови претставуваат најголемо ограничување за транспорт на органи.
Досегашното искуство сугерира дека постоечката технологија на беспилотни летала, која веќе се користи во некои земји за испорака на пакети купени преку интернет, всушност може да се користи за подобрување на постоечкиот систем за транспорт на органи и намалување на трошоците за транспорт.
Во април 2019 година, на сличен начин со дрон беше транспортиран бубрег за пациент кој чекаше трансплантација во болница во Мериленд, САД.