Поради непочитување на одредбата за задолжително носење заштитна маска на лицето, вчера на територијата на Општина Куманово биле казнети вкупно пет лица.
– Во текот на изминатото деноноќие (20.10/21.10.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 5 лицa не ја почитувале, информираат од кумановската полиција.
Сите пет прекршочни налози биле издадени на територијата на Куманово.
Против лицата, како што додаваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, се поднесени соодветни поднесоци.
Никола Ивановски

