PayPal наводно е во напредна фаза на преговори за купување на Pinterest.
Според Ројтерс, популарната компанија за плаќање преку интернет во средата дала понуда од 45 милијарди долари за купување на социјалната мрежа.
Ројтерс посочува дека вредноста на овој договор е околу 39 милијарди долари, а PayPal планира да ја финансира аквизицијата претежно преку акции.
На прв поглед, интересот на PayPal за купување на Pinterest изгледа изненадувачки, но оваа аквизиција ќе и помогне на компанијата значително да се зацврсти на растечкиот пазар на социјална трговија.
Ова е област во која Pinterest е активен играч од 2015 година. Во извесна смисла, Pinterest е сигурно купување. Услугата успеа да избегне многу проблеми со дезинформации, кои ги погодија Фејсбук и Твитер.
Исто така, неопходно е да се истакне и потсети дека PayPal голем дел од минатата година посвети на проширување надвор од својата традиционална деловна рамка.
Компанијата неодамна потроши 2,7 милијарди долари за консолидирање на своето присуство во секторот „buy-now-pay-later“ или купи-сега-плати-подоцна, а исто така влезе на пазарот со тргување со помош на криптовалути на голема врата.