Краткото видео собрало бројни симпатии за рекордно време.
Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а среќниот сопственик на Тојота немал подготвено гаража. Така, тој одлучил да го заштити својот миленик со она што го имал до себе, ќебе, картон и сопственото тело.
Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест. За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б. И кога станува збор за автомобил како Тојота Супре, работите сами доаѓаат на место. Ова е четврта генерација на модели што се произведувала до 1998 година, а дури и денес е најбараната генерација на Supra, така што цената честопати расте.
И, конечно, да речеме дека автомобилот останал неоштетен.
@jakemcgloin When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19