Протест против ковид пропусниците во Милано, демонстрантите се судриј со полицијата

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 15.000 Италијанци протестираа во Милано против воведувањето на Ковид- 19 пасоши за вработени лица, што влијаеше на 23 милиони работници во приватниот и јавниот сектор.

Loading...

Граѓаните во саботата одеа околу 10 километри низ центарот на Милано, сопирајќи го сообраќајот и се судрија со полицијата, кога едно девојче беше повредено, а неколку анархисти беа уапсени.

Најкритичните точки беа во улицата Бургундија и Виа дела Москва, каде што се наоѓаат центрите за курирски услуги, Палатата на правдата и Работничката комора.

Демонстрантите извикуваа навреди кон премиерот Марио Драги и министерот за здравство, нарекувајќи ги „пандемија“.

Задолжителните работни исправи за ковид, кои сведочат за вакцинација, негативен тест или прележан коронавирус, се во сила од вчера во Италија, а критичарите веруваат дека тие се удар за слободата.

Протести против Ковид-19 пропусниците се одржуваат низ цела Италија, а имаше и насилни протести во Рим.