Завршено снимањето на првиот филм во вселената

Сподели со своите пријатели

Модулот на руското летало Сојуз МС-18, во кое беа вклучени актерката Јулија Пересилд и режисерот Клим Шипенко, слета во Казахстан, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Loading...

Актерката и режисерот поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица за да снимаат секвенци за филмот, пренесува ТАСС.

Пересилд и Шипенко влегоа во историјата на светската кинематографија бидејќи станаа првите што снимија игран филм во вселената.

Во филмот, доктор патува до вселенска станица за да го спаси животот на астронаутот.

Тоа е заеднички проект на Роскосмос, Руски канал 1 и Жолто, црно – бело студио.

Во проектот учествуваа и руските астронаути Антон Скаперлов, Олег Новицки и Пјотр Дуброб.

Во филмот ќе има помеѓу 35 и 40 минути вселенска снимка.