Ракометарите на Куманово остварија убедлива победа вчера на гостински терен против составот на Текстилец со резултат 33:20.
Loading...
Без поголемо резултатско одлепување на двата тима се играше првиот дел од средбата, во кој генерално се играше гол за гол, а кумановци беа за нијанса подобри по завршување на полувремето и имаа предност од еден погодок или резултат 12:13.
Вториот дел од средбата Куманово го одигра значително поеуфорично и реализираше дури 20 погодоци, наспроти осумте на домашниот состав.
Со осум голови најефикасен во составот на Куманово беше Влатко Тасевски, додека шест погодоци реализирал Виктор Петковски.
Со шест погодоци најефикасен во составот на Текстилец беше Мики Атанасов.
Никола Ивановски