Секој кој некогаш одел тивко во кујната и ѕиркал во фрижидерот за да касне нешто, знае дека во фрижидерот има светлосна сијалица која ќе им ја олесни „мисијата”.
Кога го отвораме фрижидерот, во него автоматски се вклучува светилка, но многумина се прашуваат зошто во фрижидерот има светло, а во замрзнувачот или комората на самиот фрижидер нема.
Пример и комората е дел од фрижидерот, се отвора на ист принцип, но нема сијаличка која ќе ни олесни да најдеме нешто.
Одговорот на ова прашање го дава професорот по економија Роберт Х. Френк од Корнел Универзитетот.
Едноставно, причината е во парите.
– Во замрзнувачот нема светло поради односнот на трошоците и добивката. Трошоците за инсталирање на осветлување во замрзнувачот остануваат фиксни, без оглед на тоа колку често ќе го отворате замрзнувачот. Добивката е тпа што поленсо ќе ја најдете храната што ви е потребна. Но, бидејќи луѓето многу ретко го отвораат замрзнувачот од фрижидерот, трошокот е далеку поголем од добитокот. Затоа производителите гледаат да заштедат, и се откажуваат од второто светло, рекол професор Френк.
Тој додава дека не е исклучено дека ова ќе се промени, затоа што прозиводителите и натаму гледаат дали пазарот е спремен да плати за таков додаток.
– Во принцип, правење на такви додатоци се воведува кога ќе се процени дека пазарот е подготвен да плати. Како расте платежнат амоќ, така расте и веројатноста од воведување на нови добивки. Односот на трошоците и добивката така покажува тренд дека потрошувачите со подлабоки џебови наскоро ќе побараат светло во замрзнувачот и дека производителите ќе им излезат пресрет, објаснува тој.