Кучињата се сметаат за едни од најинтелигентните животни, а бројни камери успеваат да доловат моменти што ја поддржуваат оваа претпоставка.
Надзорната камера од куќа снимила како кучето се обидува самостојно да ја отвори вратата.
Имено, тоа скокнало на вратата и почнало да гребе со шепа, истовремено вртејќи ја рачката со надеж дека вратата ќе се отвори.
Сепак, сопствениците биле попаметни и ја заклучиле вратата, а кучето се откажало од својата првобитна намера по неколку секунди.