SURVIVOR: Омиленото ријалити на сите се враќа на малите екрани

Сподели со своите пријатели

Еден од најуспешните светски телевизиски формати, кој дава извонредни резултати повеќе од две децении ги забавува гледачите низ целиот свет наскоро ќе се емитува и на српската телевизија Нова С.

Loading...

Survivor е телевизиски формат поставен на прекрасна егзотична локација што им овозможува на гледачите крајна возбуда.

Прекрасната Доминиканска Република, микро локација изолирана од светот, ќе стане дом на натпреварувачите на Survivor, кои се подготвени да ризикуваат се за да ги тестираат своите граници, и физички и ментални.

 

 

Учесниците се натпреваруваат во предизвици, вклучувајќи тестирање на физички способности како што се трчање и пливање или нивните ментални способности како што се загатки и предизвици за издржливост, се со цел да освојат имунитет што ги штити од елиминација, но и други неделни награди што ќе го олеснат животот на остров.

Нивната мотивација, сила и издржливост се клучни. Затоа шоуто е полно со изненадувања и пресврти, а понекогаш и навидум најслабата алка е всушност најсилниот кандидат за победа.

Loading...

Победата на шоуто значи и парична награда.

 

 

Survivor носи игра на искушенија, издржливост во која можат да преживеат само најволните.

Во текот на изминатите сезони право на учество имаа и натпреварувачи од Македонија, но засега не е наведено кој се може да се пријави.

Доколку сте авантурист, сепак можете да се обидете да аплицирате со пополнување на формуларот на овој ЛИНК.