Сериски убиец на деца избегал од затвор, селаните го фатиле и претепале до смрт

Сподели со своите пријатели

Мастен Ванџалу, кој призна дека убил деца во Кенија, а потоа избегал од затворската ќелија во Најроби пред неколку дена, бил пронајден од селаните во Бунгома и претепан до смрт, соопшти полицијата.

Loading...

Полицијата започна обемна потрага по бегалецот, кој призна дека убил повеќе од 10 момчиња за пет години.

Ванџалу призна дека ги дрогирал и во некои случаи ја испил нивната крв, поради што го добил прекарот „вампир“.

Наводно, Ванџалу се вратил во куќата на неговите родители, кои го напуштиле, но соседите го нашле и го претепале и удавиле пред да пристигне полицијата, изјавил очевидец за локалните медиуми.

 

 

Ванџалу се претставувал како фудбалски тренер и на тој начин ги намамил жртвите на скриени места каде потоа ги напаѓал и убивал.

Loading...

Кога бил уапсен во јули, ја одвел полицијата на местото каде што ги погребал телата. Тројца полицајци кои биле на должност кога избегал од затвор во средата, се обвинети дека му помагале на осомничениот при бегство и негрижа, пишува „Би – Би – Си“.

Полицијата забележа дека им недостасува еден затвореник за време на утринската прозивка.

Јавноста сега бара од шефот на кениската полиција да поднесе оставка поради бегството што ја шокираше нацијата.