Тајландскиот рибар Наронг Петчарај се враќал на брегот кога видел чудна грутка како лебди во водата, недалеку од Нијома, на југот од земјата.Токму овој изум може да му донесе повеќе од милион евра.
Имено, станувало збор за повраќаница од кит кое е доста вредно бидејќи се користи во производството на парфеми.
Сомневајќи се дека грутката може да му донесе многу пари, рибарот ги однел кај експертите од Универзитетот Принц Сонгкл, и таму било потврдено дека навистина станува збор за амбра, односно повраќаница од кит.
Исто така, се нарекува „богатство на морето“ или „пловечко злато“, бидејќи се продава за околу 31.000 евра за килограм.
Вредно е многу затоа што го користат производителите на луксузни парфеми, како што е Шанел, со цел да ги подобрат мирисите.
Инаку, килибар се формира во телото на китот. Китот потоа повраќа слуз што се стврднува и има непријатен мирис додека плови по површината на океанот – понекогаш и неколку години. Нешто подоцна, оваа грутка слична на камен го губи непријатниот мирис и се користи како многу скапа состојка за производство на скапи парфеми.
Петчарај изјавил дека грутката што ја пронашол била тешка околу 30 килограми.
– Никој од локалните жители никогаш не видел или допрел килибар и затоа сите беа многу среќни. Многу сум возбуден, не знам што да правам. Планирам да го продадам бидејќи веќе добив сертификат со кој се потврдува дека навистина се работи за повраќаница на кит. Ако можам да постигнам добра цена, нема повеќе да одам по риби и ќе имам голема забава за моите пријатели – рече рибарот, наведувајќи дека мисли дека грутката вреди околу еден милион евра.