НАСА ќе ракетира астероид за да ја тестира „одбраната“ на Земјата

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција НАСА планира да ја тестира својата технологија за поестување на астероид, што ќе биде тест за спасување на Земјата од можно уништување при судир со други небесни тела.

Loading...

Програмата, наречена DART (Double Asteroid Redirection Test), треба да започне кон крајот на ноември со лансирање на ракетата „SpaceX Falcon 9“ од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, јавуваат американските медиуми.

 

 

По лансирањето во ноември, НАСА ќе ја тестира својата технологија за пренасочување на астероиди во септември 2022 година за да утврди како тоа влијае на движењето на астероидите во близина на Земјата во вселената.

Леталото ДАРТ ќе има за цел да орбитира околу средниот астероид Диморфос, кој орбитира околу многу поголемиот астероид Дидимос, и ова ќе биде прва целосна демонстрација на овој тип технологија за одбрана на планетата.

„Ќе се осигураме дека карпата од вселената нема да не врати во камено доба“, вели Томас Сатлер, научник на НАСА, додавајќи дека ова ќе биде „првпат човекот да го измени движењето во вселената“.

Loading...

 

 

Диморфос беше избран за оваа мисија бидејќи големината одговара на онаа на астероидите што би можеле да претставуваат закана за Земјата.

Судирот треба да има само мал ефект врз астероидот, но доволно за да ја смени траекторијата што води кон Земјата.

Три години подоцна, мисијата Хера, планирана од Европската вселенска агенција (ЕСА), ќе ги изврши потребните анализи и мерења за да утврди дали тестот бил успешно спроведен.